Ванила кифличките се чест дел од празничната трпеза на крајот на годината. Зошто да не го изненадите вашето семејство со нова верзија на овие вкусни колачиња?
Состојки:
200гр брашно
70гр кафеав шеќер
2 лажици какао
½ лажичка цимет
1 лажичка прашок за пециво
Прстофат сол
Вода
60мл маслиново масло
30гр лешници
50гр темно чоколадо
Подготовка:
1. Исечете ги лешниците и чоколадото на помали парчиња.
2. Ставете брашно, шеќер, цимет, какао, прашок за пециво и сол во сад и измешајте сè добро.
3. Полека додадете го маслото. Додадете неколку лажици обична вода додека не добиете компактна смеса за колачиња.
4. На крај додадете ги исечканите лешници и чоколадото.
5. Од смесата формирајте кифлички.
6. Ставете ги во загреана рерна околу 15 минути на 180 степени.
7. Изладете ги пред сервирање.
Добар апетит!