Неколку мали острови во Егејското Море се огласени за продажба преку грчки страници за недвижнини.
Овие острови припаѓаат на групата острови на Кикладите и се близу до познатите острови Фолегандрос, Сикинос, Аморгос, Куфонизи и Сирос.
Најевтиниот може да се купи за 4,9 милиони евра, додека најскапиот, со површина од 1,1 милиони квадратни метри, се нуди за 12 милиони евра.
Некои немаат плажи, но новиот сопственик има можност да направи во одредени делови на островот, се вели во огласот. На една од нив има дури и пештера со „прекрасни сталактити“.
Некои од огласите за деветте острови понудени на продажба се појавија во мај и јуни годинава, а други се постари.
Меѓу нив е група од три острови по цена од шест милиони евра.