GUCCI СЕ ОТКАЖУВА ОД СЕЗОНСКИТЕ МОДНИ РЕВИИ, ГИ УКИНУВА И ТЕРМИНИТЕ “ПРОЛЕТ – ЛЕТО” и “ЕСЕН – ЗИМА”

popara26 мај, 20201min00
Гучи

Познатата италијанска модна куќа GUCCI повеќе нема да прави сезонски модни ревии, односно ќе прави само две презентации годишно, известува преку својот Инстаграм профил дизајнерот Алесандро Микел, кој од 2015та година се наоѓа на чело на оваа модна куќа.

Како последица од ефектот на пандемијата Covid – 19, на истиот чекор претходно се одлучи и прочуениот моден дизајнер  Armani (Армани). Тој смета дека најдобро е да се откажат од напорниот ритам којшто со себе го носат сезонските модни ревии и дека повеќе време треба да и се посвети на основната работа, а тоа е креативноста. Стилистот, исто така, тврди дека состанувањето само двапати годишно е сосема доволно за да се поделат новите колекции.

Креативниот директор на GUCCI пак, вели дека желбата на оваа модна куќа е да се ослободи од досегашната практика на давање имиња на новите модни колекции, кои според неговото излагање, “доминираат во модниот свет”.

Така, оваа модна куќа планира во целост да ги изостави термините  “крстарење” (cruise), “пролет – лето” (spring – summer), “есен – зима” (fall – winter).

Алесандро смета дека горенаведените називи се заостанати, сиромашни и безлични, чија вредност е изгубена. Во иднина, како нивна замена, тој предлага да се употребуваат имиња поврзани со класичната музика, како на пример: симфонија, рапсодија, мадригари, ноќна игра, увертира, концерти и минуети. Преку својот Инстаграм профил, Алесандро испрати порака до сите извондредни луѓе коишто работат во фирмата, да ги пренасочат времето и трудот во еден малку похуман правец

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma