Хали Бери откри дека првиот оргазам го доживеала на 11-годишна возраст.
Одговарајќи на прашања од обожавателите на Инстаграм во живо, на кои присуствуваше и нејзината пријателка Линдзи Флорес, актерката рече дека доживеала оргазам за прв пат додека сама ја истражувала својата сексуалност.
Линдзи ја праша колку години имала тогаш, а Хали одговори дека имала 11 години.
После тоа, Линдзи се мачеше да се сети кога првпат доживеа оргазам, а Хали тогаш се пошегува.
„Се чувствувам лошо за тебе“, рече таа.
Сепак, кога обожавателите побараа повеќе детали за нивните сексуални искуства, Хали сепак реши да задржи некои детали за себе.
54-годишната актерка неодамна сподели фотографија на Инстаграм на која позира во маица со името на пејачот Ван Хант. „Сега знаете“, напиша таа покрај фотографијата и потврди дека е во врска со него.