Моделот реши да им стави крај на гласините дека направила пластична корекција на лицето откако на Instagram се појави нејзина слика на која има нејзина фотографија како тинејџерка покрај понова нејзина слика на која нејзиното лице е фотошопирано.
Хејли оставила бесен коментар под фотографијата.
„Престанете да користите фотографии кои ги менувале мејк уп артисти. Јас не изгледам како на левата фотографија, никогаш не сум правела ништо на лицето, а ако сакате да ме споредите како сум изгледала на 13 и 23 години барем можете да користите фотографии на кои изгледам природно, а не вакви на кои сум фотошопирана“ – изјавил моделот.