Богдана и Вељко Ражнатовиќ се венчаа во ноември минатата година, а сега, додека со нетрпение чекаат принова, синот на славната фолк пејачка се сети на веселбата и на венчавката во црква, а пред јавноста посочи еден детал што многумина го промашија.
Имено, додека тие држеа свеќи како младенци, еден од фотографите го „уловил“ Вељко како со воодушевување гледа во неговата сегашна сопруга. Тој го потпиша овој момент со реченицата:
„Окото не лаже“, и со тоа ги распамети следбениците на Инстаграм.