Иако се понадевавме дека тие (повторно) ќе заминат во историјата и дека ќе ги заборавиме барем за некое време, бициклистичките се сè уште едно од задолжителните парчиња за ова лето.
Варијација на темата хеланки, должина до над коленото, се носеше и минатата година, а судејќи според стилот на славните девојки на Инстаграм, ќе ги видиме и ова лето.
Бициклистичките имаат, да се каже вистината, неколку добри страни: тие обично не се премногу скапи, и второ, тие се прилично удобни. Нивниот недостаток е што малкумина изгледаат добро во нив, но вкусовите се различни…
И на крај, еден предлог за вечерно излегување. Ријана: