Хороскопски знаци кои најтешко кажуваат “Те сакам”!

popara20 април, 20201min00
љубов

Те сакам. Еднoставна и кратка реченица, но толку моќна. Не можеме сите лесно да ја изговориме, но сите сакаме да ја слушнеме. Еве на кои хороскопски знаци најтешко им излегува од уста.

Близнаци

На овој знак му е потребно многу време да се препушти во новата врска, а особено отворено да ги искаже своите чувства. Многу се љубопитни и често размислуваат за тоа дали постои некој подобар за нив, па затоа потешко влегуваат во сериозни врски. Близнаците кажуваат “те сакам” дури кога ќе сфатат колку всушност им значи некоја личност.

Девица

Припадниците на овој знак во себе носат вродена потреба сè да биде совршено, вклучувајќи ја и љубовната врска. Девиците се перфекционисти и секогаш ги проверуваат своите чувства. Ако почувствуваат дека нешто во љубовниот однос не е во ред, ќе се воздржат од изјавување на љубов додека не биде сè онака како што мислат дека треба да биде.

Шкорпија

Шкорпиите не сакаат промени и преферираат долга врска. За нив важи правилото дека крај партнерите остануваат и во добро и во зло. Но, иако и се посветени на љубовта уште од самиот почеток, ќе кажат “те сакам” дури кога ќе бидат 100% сигурни дека врската е сериозна и цврста затоа што тие не сакаат да покажат ранливост или да бидат повредени.

Водолија

На припадниците на овој знак им е потребен многу простор и слобода во врската. Често преферираат нетрадиционални врски и ретко изјавуваат љубов бидејќи сметаат дека на тој начин ќе создадат обврска за која не се подготвени. Подготвени се да ја жртвуваат слободата само за онаа личност која ќе им дозволи да бидат она што се. Дури тогаш се отвораат емотивно и кажуваат “те сакам”

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag