Храбар, сензуален, запаметен и до денес: фустанот на Дајана кој бил важна пресвртница во нејзиниот живот!

popara5 мај, 20201min00
dajana 4

Овогодишниот елитен настан Мет Гала нема да се одржи на предвидениот датум заради пандемијата со коронавирус и истиот е одложен на неопределено време.

Во изминатите години многу славни дами оставиле силен впечаток со своите креации кои се паметат низ годините, а една од нив била дефинитивно и принцезата Дајана и нејзината тоалета од 1996 година.

Не се работело за обичен фустан- сензуалноста со кој го носела принцезата всушност претставувало чекор напред во нејзиниот пат кон разводот со принцот Чарлс.

Таа се појавила во темно син, длабоко деколтиран фустан дизајниран од директорот на Dior, Џон Галијано. Свилениот фустан украсен со чипка потсетувал на ноќница, па нејзиниот моден избор бил веднаш приметен. Освен фустанот, таа носела и чанта во темно сина боја од истиот бренд, а на нозете носела мали црни салонки и накит со сафири.

На настанот му претходело јавното признание на Чарлс дека е во врска со Камила Паркер Боулс, како и разводот со Дајана.

Тогашните коментари биле дека овој фустан е јасен знак дека Дајана се ослободува од стегите. Од Чарлс официјално се развела во август, 1996 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag