Кија Кристина Коцкар ја искритикува Светлана Цеца Ражнатовиќ на гостувањето во емисија во живо, по што пејачката ја избриша од пријателите на Инстаграм.
Имено, кога Кристина се појави во Задруга 1, каде влезе затоа што нејзиниот сопруг Слободан Радановиќ ја изневеруваше со Луна Џогани, Цеца ја поддржа Кија, ја пофали дека е многу убава и талентирана, па дури ѝ испрати фустан и обетки во Шимановци.
Сепак, пријателството пукна откако Цеца се зближи и со поранешниот сопруг на Кија, Слободан, со кого имаше новогодишен настап, за на Кија очигледо и замерила.
“Цеца е најсуетна личност на естрадата! Таа е моето најголемо разочарување и сите знаат зошто”, рече Кија минатата недела во шоуто „Ami G“.
Сега Цеца во своите пријатели на Инстаграм го има само Слободан Радановиќ, и по некоја веројатност ја блокирала Кија.