
ИГОР КОЈИЌ се огласи на Инстаграм прв пат откако српските медиуми објавија дека се разведува од Северина. Насмевнатиот Којиќ позираше со кученцето Џуро, а снимките од своето дружење со миленичето ги објави на својот Инстаграм профил.
Игор на фотографијата со кучето означи две девојки, Карла и Александра, но не е познато во какви односи е со нив.
Србите во последните денови пишуваа дека на љубовта на Игор и Северина и дошло крај и дека таа више не го носи венчалниот прстен. Наводно Којиќ сака да се смири со пејачката, но таа не попушта. Веќе делува дека тие двајца не живеат на иста адреса.