“Играчите се вратија на тренинзи со сериозна депресија”

popara26 мај, 20201min00
понсарнау

Тренерот на кошаркарскиот клуб Валенсија, Хауме Понсарнау истакнал дека изминатиот период негативно влијаел на менталното здравје на неговите играчи.

Тој навел дека одредени кошаркари за време на изолацијата развиле сериозна депресија.

Понсарнау исто така додал дека по враќањето на екипата на тренинзи доживеал негативно изненадување.

Тој се надева дека со работа на играчите ќе им биде подобро.

“Можеби делува глупаво, но тоа што тука можеме да се шегуваме во живо и фактот дека не комуницираме повеќе преку екрани е голем психолошки напредок”.

Стручниот штаб бил подготвен да се соочи со три типови на страв кај играчите.

“Некои играчи ги имаат сите три проблеми. Страв од зараза, страв од повреди, страв од губење на договорот… Загрижени се…”, заклучил Понсарнау.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag