Илон Маск конечно продал една од своите вили! Познатото име играше улога во цената, еве за која сума станува збор!

popara22 јуни, 20201min00
ilon

Контроверзниот Илон Маск, креатор на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“, на почетокот на мај преку Твитер објави дека ги продава сите свои скапи вили затоа што не сака да поседува недвижнини.

Не знаеме дали некој воопшто поверува на оваа изјава, но како што пишуваат светските медиуми – веќе е продадена една импозантна вила на „Бел Ер“.

Среде пандемијата, која продолжува да ги тресе Соединетите држави, Илон Маск успеа да ја продаде вилата што ја купи за 17 милиони (2012 година) на кинескиот милијардер Вилијам Динг за 29 милиони долари, пренесуваат Бизнис инсајдер и Вол Стрит Журнал. Патем, Динг е основач на компанијата „NetEase Inc.“, за онлајн ‘гејминг’.

Маск сè уште поседува неколку имоти на „Бел ер“, а како започна, наскоро би можел да остане без нив.

Да потсетиме, овој Американец ја напиша историјата на САД кога неговата компанија SpaceX ги испрати астронаутите на НАСА во вселената, на 30 мај. Покрај тоа, акциите на Tesla надминаа вредност од 1.000 долари за прв пат на 10 јуни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag