Девојка од Германија почнала да тетовира пред десет години. Вежбала малку на себе и чекор по чекор денес станала една од најбараните тату уметници во Европа.
Секако, ги искористила и сите свои адути. Со бујни и разголени фотографии ги наполнила социјалните мрежи, па клиентите постојано доаѓаат.
Денеска девојката со уметничко име Мара Инкпериал има повеќе од милион следачи на социјалните мрежи, а за кај неа за тетоважа се чека и по неколку месеци.
Во што се состои нејзината тајна? Знаела како да го искористи бранот на Инстаграм лудилото. За неа Инстаграм е најдобриот изум на светот. Сите можат да ја гледаат нејзината работа без проблем и на тој начин таа да се рекламира.