Џозефина Дезгранд е 17 годишна девојка од Австралија која одлучила да направи комплетна промена во животот и да ослабне.
За една година успеала да ослабне неверојатни 60 кг. Кога почнала да држи диета имала 122 кг. па успеала да ја преполови килажата.
Таа вели дека комплетно престанала да користи шеќер и го намалила внесот на јаглени хидрати. Првите две недели и биле вистински пекол, но инаетот и желбата за здрав живот и биле посилни.
Џозефина апелира до сите кои сакаат да се променат да не се откажуваат и покрај болките, заморот и неволноста кои се нормални во почетокот на слабеењето. Секако, важна е и физичката активност, па таа почнала да вежба три пати неделно по 20 минути и тоа и било доволно за да го обликува телото.