
Нивес Целзиус секојдневно ги радува бројните следбеници на социјалните мрежи со голи фотки.
До сега на фановите им покажа како поправа, чисти, бои огради, готви, вежба, им помага на децата во училишните обврски, а неодамна дошол на ред и покривот на куќата.
И секако, фотка како се качува на скали, облечена во краток шорц, за која доби бројни коментари, од кои еден дека има задник како божица.
Иако многумина уживаат во фотките на Нивес, пред некое време имало и таков што ја искритикувал дека таа се здебелила во изолација, на што таа му одговорила дека работи на поправање и дека за уште некој килограм плус, ќе биде совршена.
Дека ваквите коментари не ја допираат се покажало и пред некое време кога објавила слика на која позира во тесен топ, а под фотографијата напишала “горда буцка”.