Имаше повеќе од 200 ОПЕРАЦИИ: Човечкиот Кен стана Барби

popara23 мај, 20201min00
ken

Познатиот човек Кен, Родриго Алвес, пред неколку месеци навести дека всушност цел живот се чувствува како жена. На големо изненадување на многумина, по повеќе од 200 операции на телото и потрошени половина милион фунти, тој стана – Барби. Со својот нов изглед привлече големо внимание кога се појави во Лондон со својот пријател – во син фустан и со шише пијалок.


„Божја волја е да бидам жена. Чувствувам дека тој сакаше да ме искористи како алатка за да ги научам другите за транс луѓето“, изјави тој за странските медиуми.


“Кога бев мала, сакав кукли и фустани и се чувствував како девојче, но немав поим што значи да се биде трансродова личност. Сега тоа е тема што ја разбирам многу подобро. Јас потрошив илјадници за да имам вештачки стомачни мускули, бицепс … но во кожата на маж  се чувствував како неуспех. Не бев предодредена да бидам маж“, рече таа, чие име сега е Џесика.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma