Десетици илјадници луѓе годишно се борат за една од 60те влезници со кои во случај на убаво време, ја гледаат светлоста на крајот од тунелот…
Постара од египетските пирамиди и Стоунхејнџ-от, „Куќата на мртвите„ во Ирска се наоѓа на 50 километри северно од Даблин. Newgrange (Sí an Bhrú) е една од најпосетените локации во Ирска, а сместена е на брегот на реката Бојн. Создадена е пред повеќе од 5200 години, но откриена е тек кон крајот на 17тиот век кога на неа, најслучајно се нашле фармери.
Археолозите покрај коски и стари предмети, наишле на необично откритие и заклучиле дека оваа кружна гробница имала астролошка, церемонијална и верска важност. Секоја година кога е убаво времето во текот на зимата, гробницата пропушта сончева светлост низ отворите на ѕидот и по 17 минути светлост, повторно настапува темнина.
Овој светлосен феномен не е резултат на случајност туку знаење и вештини на луѓето кои ја изградиле оваа гробница. За да можете во живо да ја погледнете оваа светлосна претстава, потребно е да играте лотарија и да се надевате на влезници, но бидејќи заинтересираноста е голема, секоја година се пријавуваат по десетици илјадници луѓе.
На располагање се само 60 влезници кои ги извлекуваат локални ученици, а секој добитник може да поведе со себе една личност со која ќе присуствува на феноменот од 18ти до 23ти декември, гледајќи како светлото се пробива низ тунелот. За жал, дури ни влезницата не е гаранција дека ќе го видите светлосното шоу. Во случај на магла, дожд или облаци, сончевите зраци неможат да се пробијат до гледачите во гробницата.