Кога човек ќе почне да ја практикува оваа диета, телото станува машина за согорување на мастите
Една од ретките видови исхрана и диети која успешно постои уште од 1920 година, што е необично доколку се земе во предвид строгоста и едноличноста во исхраната, е кето-диетата, пишува Kodren.com.
Од друга страна, таа подразбира и целосна промена на начинот на размислување и психата.
Кето исхраната подразбира потполно одрекување од јаглехидратите и шеќерите во подолг временски период, односно засекогаш. Докажано е, наиме, дека јаглехидратите ги хранат нервните клетки, но во некој момент мозочните клетки не можат да ја примат глукозата добиена од јаглехидратите, па е добро да им се даде алтернатива во исхраната. Затоа одрекувањето од овие материи е всушност погодно за лечење за лечење дури и на најтешките нервни заболувања.
Така всушност и настанала оваа диета, во 20тите години на 2отиот век на една клиника со овој начин е започнато лечење на епилепсија. Покрај тоа, кај пациентите кај кои е спроведена оваа диета забележано е и подобрување на симптомите на дијабетес, високиот холестерол и отежениот крвоток.
Кога нашето тело е изложено на јаглехидрати, тоа ги користи, односно ги претвара во глукоза која ја користи како енергија, меѓутоа, кога ги нема и организмот не внесува никакви јаглехидрати, телото е принудено да ги разложува маснотиите од телото и така добива енергија. На тој начин се врши двојно дејство, организмот не доаѓа во допир со шеќерите и јаглехидратите кои во поголема количина можат да бидат штетни, додека вишокот масти се исфрлаат од организмот.
Ако препознавте сличност со Аткинсовата диета – не погрешивте, кето-диетата е блиска со Аткинсовата.
Кетозата е состојба во која организмот доаѓа по сериозно спроведување на диетата во подолг временски период, односно моментот кога мозокот ќе почне да ги преработува маснотиите наместо глукозата. Тогаш организмот создава кетони, кои ја заменуваат енергијата настаната од маснотиите на телото. АИако некои сметаат дека во состојба на кетоза се запаѓа многу брзо, многу кето-тренери тврдат дека за вистинска кетоза се потребни повеќе недели.
Да се одржува кето диетата не е ни малку лесно, прво затоа што е тешко да се следи количината на шеќер и јаглени хидрати кои се внесуваат во организмот, а второ затоа што е тешко и да се придржуваш. Затоа некогаш е неопходно да се ангажираат специјални кето- советници или тренери кои даваат подршка на почетниците.Ако ви е прескапо или невозможно да се изведе, на интернет постои форум за кето- диета. Многу е важно да се знае кои намирници се дозволени, како и тоа како кето диетата влијае на целулитот, но и на вежбањето ако се занимавате со бодибилдинг. Суштината на диетата е во тоа да внесот на масти околу 70- 80% од вкупните дневни потреби за калории, од што 15- 20 % се протеини, а само 5% се јаглени хидрати. Се ова е сепак почеток, затоа што постојат многу намирници кои се дозволени во кето диетата.
Придобивки од кето диетата
Се губи вишокот килограми
Ова е вистинската причина заради која луѓето се осврнуваат на оваа диета. Кога организмот почнува ” да се јаде сам себе”, односно ја користи својата маснотија како храна , тој буквално станува машина за топење на сало.
Се намалува ризикот од дијабетес и се ублажуваат симптомите на постоечкиот дијабет
Со намалување на количината на гликоза која се внесува во организмот, или дури и со потполно отстранување, организмот ги регулира проблемите предизвикани од високото ниво на гликоза во организмот. Инсулин се лачи со цел да се намали ризикот од големи количини на гликоза и да се направи што повеќе енергија, како би се намалило високото ниво на гликоза. Ако нема гликоза, тогаш нема ни инсулин.
Го намалува ризикот од зголемен крвен притисок и холестерол.
Со намалување на мастите во организмот се намалува и ризикот од зголемен холестерол, а тогаш и високиот крвен притисок. Исто така, оваа диета овозможува и намалување на триглицеридите во крвта.
Го намалува ризикот од канцер
Со оглед на тоа дека сите последни истражувања велат дека ракот настанува поради високото ниво на шеќер во крвта, навистина е важно да се спроведе оваа диета која драстично го елиминира нивото на глукоза во организмот.
Ја намалува опасноста од заболување на нервите и мозокот
Јаглехидратите директно ги напаѓаат мозочните клетки што всушност и била причината за развивање на оваа диета. На овој начин не само што се намалува ризикот од епилепсија, туку и од Алцхајмеровата болест, мозочен удар и деменција.