Ако им се верува на шпекулациите кои доаѓаат од кралската палата кон крајов на месецов, во јавноста може да се појават некои „интимни мемоари од кралицата Мери до Меган Маркл“, каде ќе ни се открие причината за нетрпеливоста помеѓу Меган и Кејт. Наводно, сево ова започнало после венчавката со Хари, а кулминирало кога Меган сфатила дека една работа нема да може да и ја прости на војвотката од Кембриџ.
„Кејт е всушност една од најпрекрасните и најљубезните личности во кралското семејство. Она во ни еден момент не дозволи раскошниот дворски живот и славата да и удрат во глава, барем не во голема мера. Љубезна е и со персоналот, а и со самата Меган од моментот кога таа се пресели во палатата. Сепак тензиите почнаа да растат откако Меган сфати дека иако и таа е војвотка, сепак не е омажена со идниот крал, разлика која сепак тешко и паднала“ – пишува во книгата.
Фактот дека и покрај на венчавката со принцот Хари, нејзиниот статус не е ист како на Кејт, Меган била бесна и решила со сите свои сили да расчисти со кралското семејство, според некои странски медиуми. Всушност се претпоставува дека тоа е и една од главните причини поради која Меган го натерала принцот да ја напуштат Англија и заедно со својот син да започнат свој живот подалеку од Кејт и Вилијам за кој се вели дека им биле „трн во око“.