Улогата на антихеројот Тигар, инспириран од Жељко Ражнатовиќ, кој ќе биде брутално убиен во првата епизода од серијата „Клан“, ќе ја игра актерот Петар Бенсина.
– Бенсина игра мафијаш кој со сопругата доаѓа во хотел во Белград во првата епизода. Додека неговата сопруга ја разгледува гардеробата во бутиците, Тигар е брутално ликвидиран. Во таа сцена, многумина ги препознаа Цеца и Аркан, иако нивните ликови во серијата се појавуваат под други имиња – открива извор близок до продуцентите и додава дека ова е многу интригантна тема.
– Досега ниту еден филм или серија не се занимаваше со тоа убиство, па затоа за нас беше интересно да направиме реконструкција на целиот настан и да го вклучиме во серијалот