Испробајте го овој начин на дишење и ослободете се од стресот ЗАСЕКОГАШ

popara31 јули, 20201min00
meditacija

Најдобриот и наједноставниот рецепт за релаксација е свесно дишење, а оваа техника која ќе ви донесе смиреност можете да ја примените во секое време.

Кога сме под стрес, дишењето станува плитко, а мускулите се вкочанети. Најдобар и наједноставен рецепт за релаксација и ослободување на стресот е свесно дишење,  во случајов ви ја предложуваме техниката за дишење “Мек Стомак”, осмислена од американскиот психијатар Џејмс Гордон.

Започнете со продлабочување на дишењето, а потоа затворете ги очите. Продолжете да дишете низ носот и да издишувате преку устата, опуштајќи го стомакот. Ова бавно и длабоко дишење ги релаксира мускулите.

Додека вдишувате, кажете го зборот „мек“ во себе и издишете го зборот „стомак“. Концентрирајте се на вашиот здив и зборовите што го придружуваат секое вдишување и издишување. Забележете како при издишувањето целото тело се опушта, „скенирај“ парче по парче, сè додека не стигнете до нозете. Кога сте подготвени, отворете ги очите и фокусирајте се на работите кои се предвидени за следниот ден.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma