Иако многумина живеат верувајќи дека тинејџерите се тие кои изневеруваат во врска, според една британска студија и жените и мажите се одлучуваат за неверство во врската на 39 годишна возраст, додека на другите места тоа го прават лица кои се десет години помлади.
Како главна причина во најголем број е кажано дека луѓето изневеруваат заради недостаток на возбуда во кревет, додека промената како причина е на последно место.
Студијата покажала дека сме најсклони кон неверство во последната година од било која декада од животот, односно на 19, 29,39… И најчесто се бара внимание од партнерот, или е во прашање неверство заради одмазда. Судејќи по студијата, луѓето најчесто изневеруваат летно време.
Пет главни причини за неверство:
1. Недостаток на возбуда во кревет (76 отсто)
2. Укажана прилика (54 отсто)
3. Досада во врска (46 отсто)
4. Повторен контакт со стара љубов, најчесто преку социјалните мрежи (28 отсто)
5. Желба за промена (22 отсто)