Џанлука Вачи и Шерон Фонсека го очекуваат своето прво дете заедно, и одлично се забавуваат за време на короната.
Популарниот италијански плејбој и милионер Џанлука Вачи (52) и неговата бремена девојка Шерон Фонсека (25) уживаат далеку од сите за време на пандемија на корона вирус, на одмор во Италија.
Имено, парот беше фотографиран како се забавува заедно со блиски пријатели на јахта во Сардинија, а Џанлука цело време ја бакнуваше и галеше својата 27 години помлада девојка.
Тие нон-стоп се прегрнуваа, бакнуваа, свиреа музика, се капеа во морето и се фотографираа за социјалните мрежи, а милионерот дури ја искористи можноста да сними видео за своите фанови на Инстаграм, во кое тој среќно игра и скока.
Шерон носеше бикини со леопард принт и јасно можеше да се види нејзиното поголемо бремено стомаче, додека Џанлука носеше розов костим за капење и ги откри своите бројни тетоважи.
Парот последните неколку месеци ги помина во неговата вила во Болоња, која има 3 базени, 38 хектари земја, откако се вратија од пентхаусот што го поседува во Мајами.
Говорејќи за разликата во возраста во едно шоу, водителката го праша Џанлука дали на неговата девојка и пречи неговата возраст:
– Воопшто, не и пречи. Иако имам бела брада, мојот ентузијазам е како оној на 15-годишно момче – заклучи милионерот.
Да ве потсетиме, среќната двојка неодамна го откри полот на детето на нивните следбеници на социјалните мрежи на романтичен начин, а сè можете да видите во видеото подолу.