Избегнувајте ги овие намирници кога одите на интервју за работа!

popara12 април, 20201min00
ZADAH-IZ-USTA-Ove-namirnice-nemojte-konzumirati-prije-spojeva-i-razgovora-za-posao_ca_large

Не пијте кафе директно пред важен разговор затоа што тоа има силен мирис што останува „да седи“ во устата.

Постојат значителни периоди во животот кога сакате да оставите добар впечаток на личност која е близу вас. На пример, сигурно не сакате да имате лош здив на вашето интервју за работа или на првата средба со симпатијата, а има и одредена храна што не треба да ја јадете или пиете пред вакви настани.

Ова се ТОП 5 намирници кои треба да ги избегнувате:

Лук и кромид
Силните мириси на лук и кромид остануваат во устата долго време и многу тешко се ослободуваме од нив. Лукот содржи сулфур што може да влезе во крвотокот после јадење и излегува низ белите дробови, поради што многумина го чувствуваат лукот во устата со денови по консумирање. Кромидот, исто така содржи сулфурни кои можат да ви дадат лош здив со денови.

Кафе
Иако ова е дневен пијалок за многумина, особено пред напорен ден, не пијте кафе директно пред важен разговор или состанок. Има силен мирис што останува во устата, а може да се одличите на пример за зелен чај.

Алкохол
Алкохолот е диуретик кој го дехидрира нашето тело и патем го намалува нивото на плунка, оставајќи ја устата сува и совршена за собирање бактерии.

Сирење
Млечните производи се полни со шеќер, а кога јадете многу вакви производи, може да предизвика многу несакани мириси во устата. Покрај сирењето, во оваа група спаѓаат и млекото и јогуртот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag