Во последниве неколку месеци, никој не зборува за ништо друго освен Коронавирусот. Последниве месец дена, никој не чита ништо друго освен вести за Корона.
Последниве месец дена нашиот живот е Корона. Дали ја има или не.
Во целата приказна зa Корона се појавија различни видови на луѓе во поглед на тоа како реагираат и шират информации на други луѓе.
Ви ги прикажуваме 10 типа на луѓе меѓу кои ќе се најдете и себеси.
1. Типови на луѓе што праќаат 100 корона мемиња на ден
Не постои особа која има Интеренет а нема пратено макар 10 мемиња за Корона, ама овој тип во Корона мемињата гледа причина за постоење. Следи Се што е на Интерент и е крал на мемињата. Без разлика на оваа титула, секогаш доцни со форите и од него можеш да добиеш меме што бил хит минатата среда, а сите знаеме дека тоа во „мемевско време“ со други зборови значи п.н.е.
2. Тип на кој ова се му е супер бидејќи ‘Јас сум интроверт’
Во 90% од случаевите ова е човек без живот, без девојка и без пријатели кој мисли дека тоа е така по сопствен избор па затоа се нарекува себеси интроверт, му звучи покул. Му се допаѓаат мемиња за тоа како за него ништо не е променето откако е во карантин, ама нема на кого да ги прати па ги објавува на Facebook каде добива 2 лајка, од мајка му и стрина му од Канада.
3. Тип кој кога и да се појави кашла и вика „Само што се вратив од Италија“
Оној лик кој секогаш последен ја сфаќа финтата. Извонреден смисол за хумор.
4. Тип кој не верува во Корона (обично „flat Eаrther“ и антивакцинист)
Теории на заговор се негова религија. Овој лик знае дека сетоа ова е лага лансирана од најголемата светска индустрија за маски за лице, и тој е тука да ги разоткрие тие корона профитери.
5. Пасивен агрисен параноик
Има излив на бес секој пат кога ќе види некој како шета на улица без маска на лице, како и кога комшијата ќе му мафне од балкон. Секој ден објавува статуси во кои зборува дека сите што излегуваат се дебили. Споделува постови за тоа како се мијат раце како и податоци за новите смртни случаи на кои обавезно коментира „Така и ни треба кога сме говна“.
6. „Како сега да си го шетам кучето“ лик
7. Тип кој едвај има завршено основно, ама Корона од него направила доктор. Епидемолог и геополитичар.
Знае Се за тоа како се пренесува Ковид 19, како и што ни носи иднината. Користи изрази како „експоненцијалнен раст“ и „социјално оддалеченост“, само има проблем да ги изговори.
8. Лик кој гледа прилика за бизнис
Е сега знаете што треба, да се вложи во некои респиратори ова она, таму се сега парите. И во маски исто, ама ефтини се и секој може да ги направи, ама респиратор, е таму се парите.
9. Веган
Гајле му е што умираат луѓе. Среќен е што „Земјата дише“. А и сега конечно знаете како им е на затворените животни.
10. Тип чиј колега има сестра; епа комшијата нејзин има шура што работи во Милано и така има информација од прва рака
Типот вика: некои луѓе умреле. Проверена информација. 99%.