Изгледа лесно, но нанесување руменило е сериозна техника: Еве како да изгледа СОВРШЕНО на вашето лице

popara6 јуни, 20202min00
imageedit_164_2814875851

Делува едноставно, но нанесувањето руменило понекогаш навистина бара посебни вештини и трикови.

Понекогаш ставаме премалку, понекогаш премногу, а некогаш се случува да ни изгледа катастрофално целиот изглед заради него.

Нијансите на руменило не се секогаш лесни да се погодат, а потоа доаѓа и делот со нанесувањето. Ние ви претставуваме 6 трикови за совршено руменило, без разлика на тонот на кожата.

  • Нанесете го насекаде.

Сакате да изгледате како да сте шармантно заруменети? Нанесете го руменилото по капаците, носот и усната, доколку сакате да изгледате секси, здраво и сјајно.

  • Подигнете го за 2 сантиметри.

Нанесете го руменилото каде што обично би го нанеле хајлајтерот, а потоа продолжете надолу накај образите за лифтинг ефект кој ќе го „разбуди“ вашиот тен.

  • Нека биде мат.

Маслата кои се најчестата состојка во кремите за лице или течната пудра, можат да ја променат формулата на вашето руменило. Со други зборови, може да ви трае само неколку часа. Звучи познато? Пред руменилото, нанесете прајмер подлога со формула без масла.

  • Паметно нанесување.

Наместо со четкичката да правите потези како да чистите, земете мека четка и натапкајте го руменилото. Потоа со влажна марамица избришете го вишокот руменило од четката и изблендирајте.

  • Нанесете го после пудрата.

Нанесете го руменилото после пудрата. Со мешањето на двете текстури ќе добиете неверојатен природен сјај.

  • Направете дует.

Проверено: две нијанси на руменило изгледаат подобро и поприродно отколку само една. Прво нанесете ја нијансата која одговара на вашата природна боја кога ќе зарумените. Потоа, нанесете посветло руменило на врвот и на средината каде што е првото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag