Излегоа слики од дворецот, нема да верувате што прави британската кралица на 94 години!

popara1 јуни, 20201min00
imageedit_56_5337011450

На фотографијата која ја објави Бакингхемската палата во неделата, британската кралица Елизабета II е снимена како јава 14-годишно пони по името Balmoral Fern во паркот на дворецот Виндзор.

Откако беа воведени мерките за карантин во Британија, кралицата Елизабета живее во Виндзор со својот сопруг, принцот Филип (98) бидејќи и двајцата спаѓаат во ризична група на постари лица подложни на потешката форма на зараза со ковид-19.

Токму од ова место таа неколку пати се обрати на нацијата во последните месеци, преку соопштенија или ТВ обраќање.

На фотографијата кралицата носи розева марама на главата, бели ракавици и јакна од зелен твид.

Кралицата Елизабета е позната како љубител на животни, посебно наклонета кон коњите и кучињата. Кога се преселиле од Бакингхемската палата во дворецот Виндзор во март, таа со себе ги понела и нејзините две велшки корги кучиња, Кенди и Вулкан.

Со оглед на тоа што кралското семејство сепак ни во пандемија не се откажува од луксузниот начин на живот, со нив се преселиле и многубројни слуги, пишува Britain’s Press Association.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag