Неодамна објавениот извод од матична книга на родените на малиот Арчи, син на принцот Хари и Меган Маркл, предизвика шок и неверување кај фановите на кралското семејство. Поточно, на него е наведено вистинското име на неговата мајка. Според британскиот Miror, во неговиот извод на раѓање се наведува дека неговата мајка е принцеза на Велика Британија.
Британците, како што истакнува таблоидот, отсекогаш верувале дека 38-годишната девојка е само војвотка бидејќи таа титула и ја даде кралицата оној ден кога се омажи за принцот Хари. Покрај тоа, на документот е видливо дека нејзиното прво име воопшто не е Меган, туку Рејчел. Нејзиниот татко Томас Маркл и мајката Дорија Рагланд уште од детството ја нарекувале Меган, а нивниот пример го следеле сите нејзини пријатели, поради што таа продолжила да го користи тоа име и во нејзините актерски денови.
Покрај сите горенаведени детали, изводот на раѓање го откри и местото каде малиот Арчи дошол на свет. Станува збор за приватна болница во Портланд, Вестминстер, Англија, каде што една ноќ на пациентот чини неверојатни 20.000 фунти. Очигледно, во менито има јастог, додека раѓањето на бебето може да се прослави со чаша шампањ. Потсетуваме, Арчи се роди пред околу 11 месеци.