Ја изневерил сопругата со жената на неговиот брат, а сега неговата девојка го фати во нова афера – мораше да интервенира и полицијата!

popara5 ноември, 20201min0
rayan

Рајан  Гигс се скарал со девојката Кејт  Гревил затоа што го обвинила дека ја изневерувал со две жени, а секако сето тоа заврши во медиумите.

Поранешниот фудбалер и фудбалски тренер Рајан  Гигс (46) со години ги полнеше медиумските колумни со својот бурен љубовен живот, а се чини дека сè уште не сака да се смири.

Имено, Гигс беше уапсен во неделата под сомнение дека ја нападнал својата девојка Кејт Гревил (36). Наводно фудбалскиот тренер имал непријатна расправија со Кејт откако таа  ги открила пораките со другите жени и се посомневала дека тој ја изневерува.

Таа пронашла сомнителна содржина на таблетот кој бил поврзан со мобилниот телефон на Рајан, а наскоро била повикана и полицијата бидејќи конфликтот станал насилен. Една жена била сведок на бурниот настан во домот на Гигс во неделата. Полицијата и констатираше лесни повреди на Кејт.

Според  таблоидите, тренерот ги негирал обвинувањата. “Кејт долго време слушаше

гласини дека Рајан ја изневерува. Таа претходно се сомневаше дали треба да му верува и потоа најде пораки во кои флертува со други жени. Таа знае кои се тие. Едната работи во Лондон како PR на познат фудбалер , додека другата е модел која живее во Чешир. Двете се помлади од Гигс “, изјави извор близок на Кејт.

Патем, јавноста навистина не беше изненадена од веста за новото неверство на Рајан. Имено, тој ја изневеруваше својата сопруга  Стејси, со која беше во брак од 2007 до 2017 година и имаат две деца, со Наташа осум години која е сопруга на неговиот брат Родри.

Во исто време, тој имаше врска со ријалити sвездата Имоген Томас (37). Гигс ја запознал Кејт додека работела во односи со јавноста во еден хотел. Тие ја открија нивната врска во јавноста на одморот во Италија во август 2018 година, осум месеци откако конечно беше завршена тужбата за разводот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma