Ја изневеруваше на сите страни, а сега таа му прости за се – Тристан ја шармира Клои и повторно се заедно!?

popara3 јули, 20201min00
zoi

Ријалити ѕвездата, Клои Кардашијан (36) и кошаркарот Тристан Томпсон (29) се чини дека решија да и дадат на својата љубов втора шанса, пишува „Daily Mail“. Двојката, наводно, се смирила за време на карантинот, што заедно го поминале во вилата на Клое во Калифорнија, со нивната ќерка True (2).

Клое многу му се налути на Тристан откако беше јавно откриено дека тој ја изневерувал, со другарката на нејзината сестра Кајли Џенер (22) – Џордин Вудс (22).

Тој  доста се трудеше за да се докаже и беше одличен татко на неговата ќерка True, и ја убеди Клои да му даде друга шанса, изјави пријател на парот. Тристан се однесуваше многу добро додека траеше карантинот, што, наводно, ја шармирало Клои.

Додека тие беа раскинати, Клои не се гледаше со други мажи.

– “Таа не одеше на дејтови со други мажи ,а Клое и Тристан одамна немаа поминато толку многу време заедно. Тие неверојатно ја поминуваа пролетта заедно со нивната ќерка во Лос Анџелес и покрај ситуацијата со корона вирусот.” – додаде пријател на ријалити ѕвездата.

Пред неколку дена, Тристан јавно и емотивно и го честиташе Клои  роденденот.

“Јас сум доволно мудар да сфатам дека ти дојде во мојот живот за да ми покажеш што значи да се биде неверојатен човек. Јас го ценам тоа што можам многу да научам од тебе и да созревам. Ти благодарам што си добра и љубезна спрема сите,а особено кон нашата ќерка True. Ти заслужуваш да го освоиш целиот свет. True и јас те сакаме, среќен роденден.”- напиша Тристан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma