Иги Азалеа се пофали на социјалните мрежи со нејзината топ форма по раѓањето на своето прво дете.
Познатата австралиски раперка Иги Азалеа ги шокираше фановите признавајќи дека неодамна тајно родила син, а никој не знаел дека таа и воопшто е бремена. Згора на тоа се појави со одлична стегната форма веднаш по породувањето, па фановите едноставно останаа без зборови.
30-годишната Иги објави на својот профил на Инстаграм фотографија и видео на кое позира во тесен црн топ и црни пантолони, а никој не остана рамнодушен на тенката половина и рамниот стомак со кој малку нови мајки можат да се пофалат.
Фотографијата ја виделе 13,4 милиони нејзини следбеници, а многу од нив се прашуваат како успеала за толку кратко време да ја врати старата линија.
Среќната вест дека стана мајка е објавена на нејзиниот профил на Инстаграм и ги остави своите фанови во шок, иако започнаа шпекулациите за тоа пред неколку месеци.
“Имам син. Го чекав вистинскиот момент да кажам нешто, но колку повеќе време минува, толку повеќе станувам анкциозна со тоа што сеуште не сум споделила со светот за неговото раѓање. Сакам да ја задржам неговата приватност, но сакам да знаете дека тој не е тајна и дека го сакам неописливо “, напиша Иги во приказната објавена на нејзиниот профил на Инстаграм.
Таа не го откри името на таткото, но се шпекулира дека станува збор за раперот Плејбој Карти (23) со кој таа почна да се гледа уште во 2018.
„Честитки на Иги Азалеа и Плејбој Карти за раѓањето на нивниот син“, напиша ДЈ Академикс во честитката што привлече големо внимание од нејзините фанови, но и ги потврди шпекулациите.