Никола Пелц е тема на сите светски медиуми деновиве, затоа што е објавена нејзината свадба со најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, но за неа и порано се пишуваше многу – но лоши работи.
Никола Пелц (25), ќерка на американскиот милијардер Нелсон Пелк, важи за една од најубавите актерки и скромна девојка. Ако прашате некои нејзини колеги, тоа е далеку од вистината. Покрај тоа, се шпекулира дека таа е вистинска холивудска злобница.
Прва што јавно проговори за тоа беше актерката Бела Торн, која стана славна како тинејџерка во серијата на Дизни-Shake it off. Прво, во една прилика, таа зборуваше за „холивудската злобница“ што не сакаше да ја именува и смета за нејзе дека е „најподлата во Холивуд“, но сите беа убедени дека станува збор за Никола.
– Таа е многу подла и ја избегнувам по секоја цена. Јас дури и не се ни поздравувам со неа. Нејзините браќа и сестри не се како неа, само таа е таква – рече еднаш Бела.
Откако се појавија коментарите дека Бела зборувала за Никола од завист затоа што таа е милијардер, таа зборуваше поотворено.
-“Не е дека ја мразам поради тоа што е милијардер. Не ми се допаѓа затоа што е милијардер кој дава се од себе за сите да го знаат тоа. Таа прави луѓето да се чувствуаат лошо. Кога луѓето се однесуваат така, тогаш навистина не можете да ги почитувате.”
Патем, нејзините родители никогаш не и даваа слобода на избор , а едно време тие инсистирале таа да се посвети на хокејот. Како што рече еднаш, решена е да продолжи со глума, па затоа ја молеше мајка и да ја запише на часови.
– Живеевме на еден час од Менхетн и јас ја убедив мајка ми да ме однесе кај менаџер. Таа рече: „Ако те земат супер, а ако не – немој да ми го спомнуваш тоа се додека не наполниш 18 години.“ – се присети Никола во една прилика.
Се покажа дека е талентирана, но досега не успеа да се избори за статус на поголема sвезда, иако има направено голем број на филмови.