Сузан Бојл се прослави пред 10 години во една британска тв емисија, а денес брои милиони и изгледа многу поразлично.
Британската, а потоа и светската јавност пред десетина години ја запозна скромната домаќинка Сузан Бојл (59), која учествуваше во емисијата “Британија има талент”, која со својот ангелски глас ги освои жирито и публиката.
На 58-годишната Сузан животот потполно и се промени. Повеќе не е сиромашна, сега брои милиони фунти на сметка, изгледа сосема различно, некои велат дека го затегнала и лицето, а дефинитивно го променила стилот.
Некогаш беше буцкаста жена со бушава коса, а денес е елегантна дама, која исто така направила и неколку естетски корекции на лицето.
Странските медиуми велат дека подлегнала на ботокс третманите.
- Животот ми се смени. Бев обична жена и живеев со мачка. Продадов повеќе од 20 милиони плочи и тоа е премногу за мене – раскажуваше низ смеа. Таа сега изгледа многу подобро отколку што се сеќавате, а финансиските проблеми се далеку позади неа.
Таа драстично ослабела, се дотерала, ги средила своите финансии и животот, но го пронашла и својот љубовен партнер. Пред две години илзезе на виделина нејзината романса со американскиот доктор, иако таа долго време пробуваше да го сокрие од очите на јавноста изјавувајќи:
- Мислите дека излегувам со мажи? Младите жени можеби излегуваат, но јас немам време. Сепак, убаво е што ме прашувате. Имав состанок во Америка пред шест години , траеше точно 45 минути. Отидов на масажа во спа центар во еден хотел и таму сретнав доктор со кој излегов на ручек. Не кажав никому а мојот тим мислеше дека сум киднапирана и навистина се исплашија, бидејќи имав настап таа вечер – изјави Сузан низ смеа.
Сепак Сузан остана приземна жена и порај успехот и парите.
Доказ дека и понатаму живее скромно е тоа дека таа сеуште живее во својот скромен дом, иако може да си дозволи неколку вили со базен, а најскапите работи што си ги дозволила се бунда и клавир. Во меѓувреме се труди да положи за возачка дозвола, која баш и не и оди од рака, па дел од парите ги вложува во часови за возење.