Британската кралица Елизабета во саботата службено го прослави 94от роденден, гледајќи ја парадата и воениот музички перформанс во кралскиот дворец Виндзор наместо церемонијата во Лондон.
Кралицата и нејзиниот сопруг принцот Филип, со кој е во брак 72 години, го напуштија Лондон во април поради мерките за претпазливост и пандемијата на корона вирусот.
Одбележувањето на роденденот поради корона вирусот беше организирано во дворецот, наместо традиционалната церемонија Trooping of the Colour која се одржува секоја година во близина на Бакингамската палата.
Филип во средата наполни 99 години, а во саботата не присуствуваше на церемонијата која во живо ја пренесуваше BBC.
Кралицата е родена во април 1926 година, а на престолот е од 1952 г., кога имала 25 години.
Во 2015 година го престигна шест деценискиот мандат на кралицата Викторија, која владеела од 1837 до 1901 година.
Кралицата на точниот датум на својот роденден 21 април одржува приватна церемонија, а потоа нејзиниот роденден се одбележува службено, најчесто во втората сабота во јуни.