
Јавноста е шокирана од веста за смртта на уметникот и фотограф Сол Флечер, кој ја убил својата сопруга! Тој му пријател на Бред Пит.
Сè се случи во Берлин, а полицијата беше повикана од ќерката на Флечер нешто пред полноќ и изјави дека нејзиниот татко ја повикал и признал дека ја убил, пишува The Sun. Потоа заминал во непознат правец, а неговото тело било пронајдено во близина на езерото близу Бранденбург.

Тој, наводно, се самоубил откако ја убил сопругата. Телото на несреќната жена е пронајдено во станот, а се наведува дека таа починала од убодни рани, пренесува германскиот The Bick. Истрагата е во тек, но странските медиуми пишуваат дека нема докази дека бил вмешан некој друг освен Флечер.

Сол Флечер беше добар пријател со Бред Пит, а тие заедно беа фотографирани неколку пати.
