Постои верување дека јајцето од минатата година го чува домот, односно ги брка лошите сили и демони, надвор од домот.
Кај нас постои обичај, на Велики четврток се фарбаат велигденските јајца. Првото јајце треба да се обои во црвена боја и да се чува до следниот “Велики петок”, бидејќи тоа ќе го чува домот и семејството. Затоа и се нарекува чувар на домот.
Порано било обичај и ритуал да се остави првото црвено јајце, пред Велигден да ја помине ноќта во вода со босилек, дрен и здравец, а семејството следното Велигденско утро да се измие со оваа вода за да ги чува сите здрави во текот на целата година, особено децата.
Но сега се појавува прашањето што да правиме со црвеното јајце од минатата година?
Кога ќе се обои првото црвено јајце од оваа година, старото се фрла во река, да го однесе сите зла и несреќи кои паднале врз него, наместо на куќата што ја сочувал.
Од друга страна, оние што имаат дворови го почитуваат обичајот да го закопаат минатогодишно црвено јајце во земја под дрво што сакате да биде плодно, како и да го заштитите домаќинството од лошите временски услови.
Се верува дека првото јајце (чувар на домот) носи благосостојба и среќа во домот, па многумина го чуваат во специјални украсни садови во текот на целата година.