Секси пејачката со овој музички спектакл воодушеви над 100.000 луѓе, кои со нетрпение чекаа да ја гледаат преку YouBox апликацијата.
Јелена Карлеуша или попозната како ЈК, слета со црн хелихоптер на којшто беа испишани нејзините иницијали. Концертот го започна со својот добро познат музички хит “Upravo ostavljena”.
Покрај исклучителната професионалност, добрата опрема и сценографија, публиката остана во шок кога на сцената се појавија девојките од групата “Hurricane”. Сите заедно изгледаа светски, а Јелена ја надополни атмосферата со своите костими.
Во еден момент, започна песната “Hasta la Vista”, со којашто групата “Hurricane” ја претставуваше Србија на овогодишната online Евровизија. Нив им се придружи и Јелена, па заеднички го изведоа хитот на годината.
Покрај прекрасните девојки од групата “Hurricane”, на поп – дивата и се придружи и најуспешната млада пеачка, Милица Павловиќ. Во еден глас ја изведоа “Sexy Senorita”, песната која е заштитен знак на помладите генерации. Заедно, Јелена и Милица изгледаа бомбастично, усогласени како стилски, така и ритмички.