Јелена Џокович откри интересни пикантерии од бракот со Новак Џокович
Сопругата на тенисерот Новак Џокович преку лајф видео на инстаграм зборуваше за своето смејство.
Јелена Џокович им зборуваше на своите фанови на Инстаграм за вештините на родителите, воспитување и проблеми со кои се соочува секоја мајка, а исто така ги коментираше и нејзините искуства со синот Стефан и ќерката Тара.
Директорката на фондацијата Новак Џокович откри дека, според советите на бабите, таа никогаш не ги успивала своите деца во раце
-Никогаш не ги успивав моите деца на раце, бидејќи имав бабици кои ме посоветуваа да не го правам тоа. Има родители кои го практикуваат ова, и тоа е сосема во ред, јас правев нешто што е природно за моето размислување, да го оставам, на пример, самото да заспие и да не го нишкам. Сепак, тоа не значи дека вашето дете никогаш нема да побара да го нишкате, затоа што еве во мојот случај, Тара со две и пол години го бара тоа, но јас не се откажувам. Тешко е многу, бидејќи е многу слатка и почнува да се гали и умилкува, но што можам да кажам, мајки издржете ако имате ист случај, затоа што тоа е во корист на сите – истакна Јелена.
Таа призна дека има проблем со недостатокот на сон, што им е добро познато на сите мајки.
– Јас не спијам добро воопшто, гризам, сопругот се разведува шест пати на ден од мене – се пошегува Јелена и призна дека не може да одмара кога не е сè во ред. – Едноставно не спијам добро, ако моите деца не се добри, затоа правам сè сега да бидат сите добри и одморени.
Инаку, за време на ова вклучување на Јелена и се придружи нејзиниот сопруг Новак, кој напиша:
– Полесно е да се победи гренд слем отколку да влезеш во ова твое „лајф“ видео.