Јодот е неопходен за идните мајки!

popara20 мај, 20201min00
јод

Уште додека се планира бременоста, а особено за време на бременоста, идните мајки треба да имаат правилна исхрана богата со сите потребни витамини и минерали, од кои најважен е јодот.

Овој минерал е есенцијален за штитната жлезда која пред се влијае на интелигенцијата кај децата и е клучен за развој на мозокот. Докажано е дека мајките кои земале повеќе јод за време на бременоста раѓаат поинтелигентни деца.

За време на бременоста штитната жлезда мора да работи многу повеќе токму затоа што нејзините хормони го овозможуваат развојот на мозокот и нервниот систем кај фетусот.

По породувањето бебето се храни со мајчино млеко кое исто така го содржи овој минерал, а недостатокот од јод може да го забави растот и развојот на бебето.

За да проверат дали имаат доволно количество на јод мајките треба да направат тест на урина, најдобро уште во периодот кога ја планираат бременоста. Потоа треба да ја прилагодат исхраната. Па така, морска риба треба да се јаде два до три пати неделно. Јодот исто така може да се најде и во одредени млечни производи, во јајцата, месото и зеленчукот, како и во минералната вода. Добар извор е и јодираната сол, но мора да се внимава зашто голема количина на сол му штети на организмот, така што не треба да се претерува со солена храна. Најдобро е да се комбинираат сите извори на јод.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag