Каде е аголот на љубовта во вашиот дом според Фенг Шуи

popara3 јуни, 20201min00
Annotation 2020-06-03 125408

Фенг Шуи техниката помага да се насочи во вистинска насока позитивната енергија во вашиот дом и да ги привлекува убави работи во вашиот живот.

Ако ваша најголема фенг шуи желба е да ја привлечете љубовта, сродната душа и хармоничниот партнерски однос тогаш прво треба во вашиот дом да ги пронајдете клучните романтични точки односно љубовниот агол.

Според багуа мапата во домот има 8 различни фенг шуи полиња и секое поле е посебно за различен астект во животот. Полињата во багуа мапата кои се однесуваат на љубовта и бракот се нарекуваат „Кун“ гуа и се наоѓаат во југозападниот дел на вашиот дом.

Во секоја просторија на југозападниот дел од домот можете да ја активирате оваа енергија, но најдобро е да го направите тоа во најодалечената соба од десната страна на влезната врата. Најдобро би било ако тоа е вашата спална соба бидејќи таа просторија во домот е најпогодна за привлекување на љубовта. Сепак можете и во друга соба, ако не е спалната, да го активирате полето на љубовта според ова правило, но имајте во обзир дека собата треба да е средена, без многу рботи, чиста и светла.

Еве како да го активирате љубовното поле според фенг шуи:

  • Ставете во аголот некој драг предмет во црвена или розева боја
  • Закачете слика на кои се насликани животни или луѓе во парови или ставете неколку фигури. Важно е да бидат во парови, а можете да ставите и два предмета кои ве асоцираат на љубов
  • Овој простор треба да биде удобен и пријатен. Ставете во аголот нешто меко и нежно, како на пример волнено ќебе или покривка од чист памук
  • Љубовта треба да процвета! Аголот можете да го активирате и со помош на цвеќиња, особено орхидеи која во фенг шуи традицијата се смета за најпогодно растение за привлекување љубов
  • Бидете креативни. Искористете ја својата креативност и организирајте го аголот како посебно место во домот во кое ќе се чувствувате привлечно
  • Свеќите се симбол на романтиката. Аголот исполнете го со мирисливи свеќи во црвена и розева боја.
  • Кристали за привлекување на љубов. Се препорачува розев кварц, ставете го во љубовниот агол и чекајте да се случи магија.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag