Кафеави дамки пред и по менструацијата: Дали треба да се загрижите?

popara14 јуни, 20201min00
Stocksy_txpcd276632L4v000_Small_899946

Доктор Кристин Гривс, гинеколог во болницата Winnie Palmer, вели дека кафеавите дамки, пред или по менструацијата, се појавуваат поради малку крварење, односно, доколку порано се исфрли слуз од матката, а менструацијата сè уште не тече доволно, на крвта ѝ е потребно повеќе време за да помине низ вагиналниот отвор.

На патот додека излегува од вагината, кафеавата крв ќе се измеша со твојот вообичаен исцедок, а крајниот резултат може да изгледа како да имате само кафеав исцедок, што делува доста загрижувачки. Во хемискиот процес познат како оксидација, воздухот којшто се меша со вагиналната течност, којашто започнала тој месец да излегува порано, доведува до тоа да почнат да се појавуваат кафеави дамки.

Во овој случај, навистина нема простор за паника, но доколку кафеавите дамки се појават во деновите коишто не се поврзани со менструација, можеби треба да поразговарате со вашиот гинеколог. Тие може да бидат знак за рана бременост, па доколку ги имате нив, а не добивате менструација, најдобро е за тоа да го известите вашиот доктор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag