Кафето помага во борбата против вишокот килограми и мастите

popara30 мај, 20201min00
38356245336_6b439c3843_b

Научници од Универзитетот Англија Рускин, на чело со др. Ли Смит ја истражувале врската помеѓу конзумирањето кафе и телесната тежина кај жените и мажите, а резултатите покажале значителна поврзаност меѓу двете. Во истражувањето исто така се споредувале податоци од национална анкета за здравјето и исхраната на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, според бројот на кафиња кои испитаниците ги пиеле на ден, а во предвид го земале и процентот на нивните масни ткива и масните наслаги на стомакот. Според резултатите, жените на возраст помеѓу 20 и 44 години кои пиеле две до три шољи кафе на ден имале помал процент на телесни масти како и помал процент на масно ткиво, и тоа 3,4%, за разлика од жените кои не пијат кафе. Од друга страна пак жените на возраст од 45 до 59 години кои пиеле четири или повеќе кафиња на ден имале помал процент на телесни масти и помал процент на масно ткиво, односно 4,1%, за разлика од жените кои не пијат кафе.

Кај мажите пак на возраст од 20 до 44 години кои пиеле 2 или 3 кафиња на ден процентот на масното ткиво било за 1,3 % понизок, а стомачните масни наслаги за 1,8 %.

Резултатите биле јасни без разлика дали испитаниците конзумирале кафе со или без кофеин. Според тоа истрашувањето наведува дека биоактивните состојки кои ги има во кафето и чајот помагаат при разградувањето на мастите и масните ткива во организмот.

Според Џао Цао, научен советник во Центарот за човечка исхрана на медицинскиот факултет во Вашингтон, важна е стратегијата на здравата исхрана, а не концентрирањето на еден прехранбен производ.

– Ги потикнуваме луѓето да го додадат кафето во својата секојдневна исхрана но и друга здрава храна исто така. Сепак треба да помине некој временскио период за да ги видиме резултатите од влијанието на исхраната за физичкото здравје. Не сакаме некој да испие литар кафе во еден ден само за да ослабе, бидејќи треба да се земат во предвид и другите состојќи за исхраната како шеќерот и млекото во кафето. Во борба против дебелеењето треба пред се да се биде физички активен, да се поминува што е можно пократко време поминато во седечка положба, да се храниме здраво и да пиеме кафе со помалку шеќер со цел да ја намалите телесната тежина – истакнал Цао.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma