Ќерката на Синди Крафорд- Каја Гербер го прослави својот 19-ти роденден позирајќи гола. Манекенката објави црно-бела фотографија на својот Инстаграм профил.
Каја позираше само во лакирани, длабоки чизми, а на интимното место стави ѕвезда. Фотографијата собра скоро 350.000 лајкови.
Бројни познати личности ѝ го честитаа роденденот, меѓу кои и Хејли Бибер, Рита Ора, Наоми Кембел, Кара Делевињ и Бела Хадид.
Синди Крафорд ѝ посвети специјална порака на Инстаграм.
“Среќен роденден на мојата не толку мала принцеза! Ти посакувам здравје, среќа и самодоверба да бидеш најдобрата верзија од себе. Горда сум на тоа каква жена стануваш”, напишала Синди со фотографија од Каија од нејзиното детство.