Најпознатата и најмладата милионерка Кајли Џенер би можела да заврши во затвор, за наводно затајување данок, пиша списанието „Форбс“ откако и ја одзеде титулата милијардер.
Адвокатот Јан Хандлик вели дека овие обвинувања на може да донесат сериозни проблеми. „Моја претпоставка е дека ќе се започне со она што тие го нарекуваат неформална истрага, а потоа можеби тоа ќе го достигне нивото на формална истрага, што ќе доведе до суд“, рече тој.
„Ако Министерството за правда одлучи да го направи ова кривично дело… Доколку се донесе осуда, може да вклучува затвор за сите одговорни“, рече поранешниот федерален обвинител.
„Не знаеме дали има нешто што не може да се види со око. Но, имајќи ги предвид обвинувањата, сигурно постои основа да се спроведе истрага што може да напредува во кривично гонење “, рече Хандлик.
Форбс го нарече обидот „очајнички потег за богатите да станат уште побогати“. Богатството на Кајли сега се проценува на 900 милиони долари. Џенер излезе на мрежите, пишувајќи дека никогаш немала намера да го зголеми своето богатство и дека најмалиот проблем на светот е колку пари имала, изјавувајќи дека овој извештај е неточен. ‘Мислев дека овој магазин има репутација … Сега гледам само неколку неточни изјави и непоткрепени тврдења. Никогаш не барав титула или пак се обидов да лажам “, напиша таа.