
Светските sвезди ги искористија претстојните празници за да се натпреваруваат кој повеќе импресивно ќе ја украси нивната луксузна вила, а некои дури и претераа во украсувањето.

Кајли Џенер,ријалити sвезда позната по својот бренд за шминка, живее во замок во Лос Анџелес Хилс вреден 35 милиони долари во близина на нејзината сестра Ким, но и Кортни, Клои и нејзиниот брат Роб.

Кајли решила да го украси својот имот малку пораскошно, па жолтите светла се на живата ограда, дрвјата и куќата. Нејзината куќа е скоро сјајна, а додека некои се воодушевени од украсот, некои сметаат дека е премногу.

Таа неодамна на својот Инстаграм покажа како го украси новогодишното дрво, кое е скоро до таванот, а исто така е полно со жолти сијалици. Сепак, несомнено е дека нејзините следбеници на Инстаграм се воодушевени од празничните украси, имајќи предвид дека нејзината елка на Инстаграм има над 5 милиони лајкови.