Како да го сочувате видот додека работите од дома?

popara16 април, 20202min00
oci

Многумина од нас работат од сопствените домови, што предизвикува многу физички проблеми бидејки малку се движиме. И, ако сте еден од оние кои поминуваат поголем дел од денот на компјутер, ова е текстот за вас.

Додека многу луѓе се принудени да останат дома за да спречат ширење на вирусот корона, се покажало дека луѓето пијат повеќе алкохол, јадат повеќе нездраво и имаат повеќе проблеми со спиењето.

Исто така, истражувањето на 500 луѓе открило дека сè повеќе од нив имаат проблеми со мускулите, коските, лигаментите и тетивите. Повеќе од половина од анкетираните изјавиле дека чувствуваат болка што досега не ја искусиле – особено во вратот, рамената и грбот.

Повеќето од испитаниците се пожалиле дека работеле повеќе од вообичаено во последно време, без редовни смени и без утврдени часови, што им го отежнувало балансирањето на работата и приватниот живот и семејството.

Луѓето кои работат од дома истовремено се соочуваат со многу физички и ментални предизвици со кои општеството досега не се соочувало. Затоа е многу важно работодавците да сфатат дека сè уште се одговорни за благосостојбата на своите вработени, без оглед на фактот дека тие сега не се физички во фирмата.

Важно е да внимавате на вашите очи

Бидејќи во моментов најмногу другаруваме со компјутерите, овој пат даваме важни совети за тоа колку треба да се внимава за видот.

Експертите велат дека изложеноста на сина светлина (испуштена преку екраните од телефонот и компјутерот) може да го зголеми ризикот на оштетување на видот, како и на спиењето и да го продолжи времето потребно за да заспиеме. Еве како да го намалите влијанието ако го поминувате најголемиот дел од работниот ден пред екранот.

Седете околу 30 см од екранот

Испружете ја раката и дланката – Растојанието од очите до врвот на прстите е оддалеченоста која треба да ја запазите.

Правило 20-20-20

На секои 20 минути, погледнете најмалку шест метри оддалеченост од екранот минимум 20 секунди.

Висината на екранот

Висината на екранот исто така има големо влијание врз напрегањето на очите. Истражувањата покажаа дека е подобро да се постави повисоко од нивото на гледање.

Осветлување

Наместете ја светлината на екранот да не биде многу јака и избегнувајте други извори на светлина како светлината од прозорците.

Залепете стикер на екранот на којшто пишува ТРЕПКАЈ

Во една минута ние трепкаме до 20 пати без да бидеме свесни за тоа. Додека гледаме на екранот бројот се намалува на само три до пет удари во минута. Пораката на мониторот што ќе ви кажува да трепкате треба да ве потсетува да трепкате почесто.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag