За да го изладите пијалокот брзо, не ви e потребно многу напор, доволно е да имате само мраз, сол, вода и голема кофа или сад …
Дали има поздодевна работа од исчекување да разладите вино или пиво? Можеби и има, но за среќа постои трик со кој можеме да го забрзаме решавањето на оваа драма.
За да оладите лименка (или шише) пиво, вино или сок за исклучително кратко време, сè што ви треба е сад со вода, мраз и сол.
Во садот ставете ладна вода и додадете мраз. Потоа, додадете неколку лажици сол за да го забрзате ладењето, добро измешајте и ставете ја лименката или друга амбалажа по желба. За помалку од пет минути ќе имате ладен пијалок со кој ќе можете да наздравите за овој трик.