Американската пејачка, текстописка и продуцентка Алиша Кис (39) на Instagram сподели емотивно писмо кое го пратила до својот татко Крејг Кук, кој ја напуштин кога имала 14 години и откри дека неисполнете неговите ветувања оставиле голема лузна во нејзиното срце. На видео записот таа раскажува за нејзиниот однос со него и ги покажува сите писма кои ми гу пишала.
„Писмово кое му го праќам на својот татко не започнува со „Драг тато.“ или пак со „Драг Крег“ туку само со датум во горниот лев агол. Ова писмо е од 10 јуни 1994 година. Жал ми е што ти пишувам со разочарано срце. Дел од мене е тажен но сепак поголемиот е разочаран. Пмина долго време за да го избегнувам ова. После сите овие поминати години, внимавав на сите освен на мене. Јас сум твое прво дете (колку што знам), ае третирас како воопшто и да не сум се родила. Не постои ништо што сега можеш да направис за даги залечам овие рани. Се што знам е дека си ја гледаш твојата работа. Не сакам да ме бараш, не сакам писма. Не сакам лажна надеж мислејќи дека се грижиш за мене.Не сакам ништо. Тоа е едниствениот начин за да ме направиш среќна“. – напишала таа.
Алиша објасни дека писмото е дел од авотбиографијата под наслов „More Myself“ и додава дека го чекала правиот миг за да го сподели ова искуство со другите. Истота така наведе дека не знаела дека татко и го зачувал ова писмо но е среќна поради тоа бидејќи на некои односи им е судена да се подобрат.
„Сосема е лудо дека го зачувал ова писмо после толку години. Бев шокирана кога ми го покажа. Го чувал во кутија за чевли заедно со други работи од минатото. Се радувам дека и обајцата може да се погледнеме кон минатото и да видиме колку далеку сме стигнале.“ – заклучила самата таа.
„Многу односи се поеобруваат кога ќе оставите да си го земат природниот тек. Што мислисте вие за тоа? Ви праќам многу љубов и сила, и побарајте ја мојата книга.“ – напичала пејачката.
Инаку Алиша е во брак со хип хоп продуцентот Свиз Битс, со кој се знаат од детство, од 2010 година и имаат два сина Египет (9) и Џенесис (5).