Како да препознаете дали вашиот партнер е несигурен во врската?

popara24 јули, 20201min00
Annotation 2020-07-23 191019

Чувството на несигурност во врската не е невообичаена појава. Но загрижувачки е кога таа несигурност станува претешка за поднесување. Еве знаци кои ви покажуваат дали тој е несигурен или само загрижен.

Еден од знаците на здравата врска е тоа и двајцата партнери да се чувствуваат сигурно

Несигурноста во врската не само дека ќе и смета на вашата врска , туку и ќе остави “белег” и на вашиот живот.

Чувството на несигурност може да ја измени вашата перцепција како гледате на работите во вашата врска, правејќи да се чувствувате тажно или дури и депресивно. Личноста се чувствува несигурно кога мисли дека во една врска нешто не е во ред. Но, понекогаш заради ниска самодоверба и недостаток на поверение се чувствувате несигурно.

Живеејќи со несигурен човек не е само напорно, туку може да биде и лошо искуство. Чувството дека сте под сомнеж, дури и кога не сте направиле ништо, ви го отежнува подолгото задржување во таква врска. Ако не сте сигурни дали вашиот маж е несигурен или едноставно поминува низ тешко време, еве нешто што ќе ви помогне.

Еве знаци дека вашиот партнер е несигурен во врската:

1. Ги испитува вашите мотиви дури и кога правите се што можете за да ги подобрите работите. Не го признава вашиот труд.

2. Брзо ве обвинува за работи кои никогаш не сте ги кажале или направиле. Никогаш не се обидува да разговара со вас и мисли дека имате скриена агенда.

3. Место да ве слуша и разбира, повеќе го загрижува како се однесувате спрема него. Очекува да знаете како се чувствува без да ви каже.

4.Ги следи телефонските повици и пораки кои ги примате или каде одите и што правите. Да покажеш загриженост е во ред, но да водиш сметка за се што се прави е штетно за двајцата партнери.

5. Кога се расправате, секогаш наоѓа начин да ги искриви вашите реченици и да ги искористи против вас. Некако успева да ја пронајде цела вина во вас , место да ја превземе одговорноста  за своите постапки.

6. Станува многу љубоморен кога се дружите со пријателите. Затоа се нервирате секој пат кога се чувствувате присилени да го скратите времето кое го поминувате со другите.

7. Мисли дека не го цените трудот кој го вложува во врската. Не треба да ве загрижува ако тоа го прави понекогаш, но ако тоа станува дел од неговото однесување, веројатно е премногу несигурен за да биде во врска со вас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma